
Карим Бензема замина во Саудиска Арабија за огромни пари, но Реал Мадрид може да биде мирен кога е Лука Модриќ во прашање.
Хрватскиот интернационалец ја одбил астрономската понуда од Саудиска Арабија само поради една причина – затоа што сака да ја заврши кариерата во Реал.
На адреса на Модриќ пристигна понуда од Ал-Хилал од 200 милиони евра за три сезони.
Договорот на Модриќ со клубот од Мадрид истекува во последните денови од јуни, но речиси и да нема сомнеж дека ќе го продолжи на уште 12 месеци.
Се очекува тоа да го направи веднаш по финалето на Лигата на нации меѓу Хрватска и Шпанија в недела.
Легендарниот играч за врска е во Реал од 2012 година и има освоено над 20 трофеи – вклучувајќи пет титули во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
