Украина е првиот противник на фудбалската репрезентација на Македонија во јунскиот мини-циклус од квалификациите за ЕВРО 2024.
Играчот за врска Агон Елези истакнува дека атмосферата во националниот тим е одлична, а селекцијата е подготвена за надигрување за квалитетниот ривал.
„Енергијата на тренинзите е на високо ниво, иако е крај на сезоната. Сепак, тоа е доказ колку сме мотивирани, колку е здрава и позитивна атмосферата во тимот. Мора да бидеме позитивни и да веруваме. Не очекува исклучително силен натпревар со репрезентација која има нов селектор и веројатно дополнителен импулс за позитивен резултат. Морам да кажам дека тренираме одлично, се чувствуваме добро. Сето тоа треба да се пренесе на натпреварот. Свесни сме што не очекува, Украина е квалитетен тим и нема да биде лесно, но ние сме подготвени. Се е можно и ќе дадеме се од себе. Се надеваме на позитивен резултат“, изјави Агон Елези.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













