
Пари Сен Жермен победи во трката за потписот на играчот од средниот ред на Спортинг Лисабон, Мануел Угарте, пишува францускиот весник „Л’Екип“.
Се очекуваше уругвајскиот играч за врска да потпише за Челси, но на крајот тој ги избра парижаните за следен клуб во кариерата.
Доцна синоќа стана јасно дека „сините“ од Лондон се повлекуваат од преговорите, иако не беше наведена причина. 22-годишниот Угарте се очекува да потпише за ПСЖ веќе денеска, а францускиот клуб ќе плати околу 60 милиони евра за неговите права.
Дефанзивниот играч за врска има 47 настапи за Спортинг Лисабон оваа сезона, како и осум настапи за Уругвај.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
