
Капитенот Карим Бензема го известил Реал Мадрид за одлуката да си замине само неколку часа пред вчерашниот натпревар со Атлетик Билбао (1-1). Ова го откри Карло Анчелоти на прес-конференцијата по мечот.
„Утрово (недела) Карим ни кажа дека сака да замине. Беше навистина неочекувано, но јас го разбирам и го почитувам за сето она што го постигна. Тој е одлична личност, љубезен, скромен, сериозен. Бензема го заслужи правото да одлучува бидејќи направи легендарни, незаборавни работи овде во Мадрид“, изјави италијанскиот тренер.
Анчелоти откри и каков тип на играч ќе бара како замена за Французинот, но одби да ги коментира гласините за можното привлекување на Џуд Белингем.
„Сакаме централен напаѓач кој може да постигне гол и добро да се комбинира со другите играчи. Бараме некој кој може да игра добар фудбал. Тој мора да може да се навикне на нашиот стил. Сепак, нема да ги заборавиме нашите млади играчи“, објасни Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
