Реал Мадрид немаше сезона за одушевување, со оглед дека ги испушти трофеите во Ла Лига и во Лигата на шампионите. Поради ова, претседателот Флорентино Перез размислува за нови засилувања за кои што Карло Анчелоти потенцираше дека му се потребни и за сезоната што изминува.
Јасно е дека на „кралевите“ има недостигаат квалитетни имиња во нападот кои би зголемиле опциите на Анчелоти. Ова особено што и Карим Бензема доби понуда вредна 400 милиони евра да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ и да се пресели во Саудиска Арабија. Дури да не го стори тоа, јасно е дека следната ќе биде негова последна година во „кралскиот клуб“.
Реал Мадрид тргнува во преговори со Тотенхем и со Челси за Хари Кејн и за Каи Хаверц. Наводно, Тотенхем сака да го продаде Кејн надвор од Островот, а „кралевите“ би можеле да го добијат за сума од 100 милиони евра.
Сепак, Реал Мадрид размислува и за Каи Хаверц, германскиот интернационалец од Челси. Тој би бил достапен за сума од околу 60 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













