
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, потврди дека тренерот Лучијано Спалети ќе си замине по сезоната во која наполитанскиот клуб ја освои Серија А за прв пат по 33 години.
„Спалети е слободен човек. Кога некој ќе ви каже дека дал сѐ од себе и дека сака да земе една година одмор, правилно е да го пуштите да си замине. Имаше уште една година од договорот, но сакаше да си замине. Што можам да направам? Ни даде толку многу, му благодарам“, изјави Де Лаурентис за италијанските медиуми.
Наполи има 87 бода пред крајот на италијанскиот шампионат, дури 16 повеќе од вториот Лацио.
„На почетокот на јуни 2022 година бев на прес-конференција. Продадовме неколку играчи кои го завршија својот циклус во Наполи, иако некои не се согласуваа со тоа. Ме прашаа што правам, а јас реков дека можеме да ја освоиме Серија. А. Сите беа изненадени, дури и Спалети кој не знаеше кого купивме во тоа време“, додаде Де Лаурентис.
Јужнокорејскиот стопер Ким Мин-Јае и грузиската ѕвезда Квича Кварацкелија пристигнаа во јуни минатата година, додека напаѓачот Виктор Осимен беше купен во 2020 година. Тројцата беа клучни играчи за Наполи и сите се споменуваат како потенцијални заминувања.
Спалети може да биде заменет со Луис Енрике, Тијаго Мота, Винченцо Италијано или Серџо Консеисао.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
