Connect with us

Дембеле има уникатна отштетна клаузула – Ако некој плати 50 милиони евра, половинa се за него

Фудбалерот на Барселона, Oсман Дембеле лесно може да заработи 25 милиони евра ова лето. Тоа ќе се случи доколку некој тим реши да ја активира неговата откупна клаузула во договорот со Барселона, која изнесува 50 милиони евра, по што би добил половина од таа сума.


Осман Дембеле имаше бројни повреди во текот на кариерата, поради кои никогаш не можеше да го покаже сиот потенцијал што го поседува. Сепак, тој е многу ценет во Барселона и сакаат да остане.

Договорот на 26-годишниот напаѓач со каталонскиот клуб трае до летото 2024 година. Сепак, во наредните месеци тој би можел да си замине бидејќи клаузулата за обештетување во неговиот договор е „само“ 50 милиони евра. А, според договорот со Барселона, тој би добил половина, односно 25 милиони евра, доколку биде продаден во летниот преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови