
Фудбалската репрезентација на Украина, нашиот следен противник во квалификациите за ЕВРО 2024, во Скопје ќе ја предводи првата ѕвезда, Михаило Мудрик, кој е член на англискиот премиерлигаш Челси. Иако на тимот од „Стемфорд бриџ“, а и на украинскиот репрезентативец, не им оди најдобро во вториот дел од сезоната, сепак, неговите квалитети се неспорни.
На списокот на в.д.селекторот Руслан Ротан се наоѓаат вкупно 27 имиња. Сепак, најавено е дека набрзо ќе биде избран и официјално нов селектор на Украина.
На голот е Андреј Лунин од Реал Мадрид, во одбраната Виталиј Миколенко од Евертон, во средниот ред Михаило Мудрик од Челси, Руслан Малиновски од Олимпик Марсеј и Адриј Јармоленко од Аи-Алин (ОАЕ), а во нападот Роман Јаремчук од Клуб Бриж. Ѕвездата на Арсенал, Олександр Зинченко, е повреден.
Најголем дел од фудбалерите се од Шахтјор Доњецк и од Динамо Киев.
Македонија ќе ја пречека Украина на арената „Тодор Проески“ на 16 јуни.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal