Connect with us

Инзаги: Сакам да продолжиме вака до крајот на сезоната

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, беше воодушевен по успехот од 2-1 над Фиорентина во финалето на Купот на Италија. „Нероаѕурите“ втора година по ред го кренаа трофејот.


Стратегот се надева дека неговите играчи ќе го искористат моментумот што го добија до крајот на сезоната, како во Серија А, така и во другото големо финале во кое се настапат, во Лигата на шампионите.


„Среќен сум бидејќи го освоивме пехарот, сакавме да го продолжиме тоа што го правевме минатата сезона. Фиорентина е квалитетен тим кој ни задава многу проблеми. Лошо го започнавме натпреварот, со погрешен став, што е реткост за нас. Но, момците успеаја да останат во игра и да ги свртат работите во наша корист. Сега ни остануваат уште два натпревари во Серија А, а потоа и финалето во Истанбул. Тоа беше одлична сезона за нас и се надевам дека ќе продолжиме вака до крајот“, изјави Инзаги.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови