Connect with us

Баерн договори две засилувања: Хулијан Алварез и Адриен Рабио доаѓаат во Минхен

Фудбалерите кои беа на спротивни страни во финалето на Светското првенство во Катар следната сезона ќе ја делат соблекувалната на Баерн, тврди „Билд“. Се работи за Хулијан Алварез, напаѓачот на Манчестер Сити, и Адриен Рабио, фудбалерот за врска на Јувентус.


Со месеци се шпекулираше дека Хари Кејн или Коло Муани ќе станат членови на Баерн, но во последните неколку дена дојде до пресврт бидејќи германскиот гигант го договори трансферот на Хулијан Алварез.

Аргентинскиот репрезентативец не важи за недопирлив во Манчестер Сити, предност пред него има Ерлинг Халанд, што Баерн ќе го искористи за да го доведе поранешниот голгетер на Ривер Плата.

Што се однесува до средниот ред, Адриен Рабио, кој оваа полусезона е најдобриот играч на Јувентус, треба да пристигна како слободен агент.

Договорот на Французинот со „старата дама“ истекува на крајот од сезоната и тој во Минхен ќе дојде како слободен играч, што е голем плус за Баерн, со оглед дека неговата плата ќе изнесува околу 7 милиони евра.

Баерн Минхен е на пат да ја загуби шампионската титула во Германија за првпат по десет години, поради што посебно на удар е раководниот тандем, Хасан Салихамиџиќ – Оливер Кан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови