
Енди Робертсон би можел да го напушти Ливерпул ова лето, тврдат извори од Англија. Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за Шкотланѓанецот и би можел да испрати понуда вредна 50 милиони евра, која Ливерпул сигурно ќе ја разгледа.
Робертсон е едно од најдобрите засилувања во ерата на Јирген Клоп, тој пристигна летото 2017 година од Хал за само девет милиони евра.
Шкотланѓанецот стана незаменлива алка во тимот на Клоп и еден од најзаслужните за сите успеси во изминатите шест сезони, но оваа година беше на удар на критичарите, иако како и повеќето играчи на „црвените“.
Робертсон досега одигра 267 натпревари, постигна осум гола и забележа 63 асистенции, што го прави рекордер во Премиер – лигата меѓу дефанзивците.
Иако малкумина веруваат дека Робертсон би можел да си замине од Ливерпул, бидејќи има договор до 2026 година, сепак, Реал Мадрид му гарантира стартно место и ЛШ и борба за сите трофеи. Ферлан Менди е на продажба, ја загуби довербата на Анчелоти, а позицијата лев бек стана приоритет на гигантот од Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац

Евро-фудбал
Одегард е посериозно повреден?

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
