
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, даде интересно интервју по освојувањето на титулата во Англија. Норвежанецот призна дека неговиот живот целосно се променил откако потпишал со „граѓаните“ и повеќе не може да води „нормален живот“.
„Не можам повеќе да живеам нормално. Тешко ми е да правам некои обични работи, но тоа е мојот живот сега. Не се жалам. Се трудам да бидам свој секој ден и да бидам опкружен со добри и искрени луѓе. Мислам дека тоа е клучот. Така си го уредив животот, не ми е гајле за останатото“, коментира стрелецот на Манчестер Сити.
„Гледам многу фудбал во слободно време, но не гледам репризи на моите натпревари. Многу луѓе го прават тоа, но јас не верувам така можам да се подобрам. Мислам дека ќе почнам премногу да размислувам за мојата игра, а тоа според мене не е добро“, изјави Халанд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
