Македонската репрезентација го одработи првиот тренинг по пристигнувањето во Варшава пред квалификацискиот натпревар со Полска кој не очекува в недела во 8. коло од Групата Г за пласман на ЕП 2020.
Езгјан Алиоски истрча најмногу на синоќешниот меч со Словенците и денеска доби заслужен одмор. Во еден момент ја смени левата бековска позиција со фоторепортерска улога, и мора да се признае и дека добро се снаоѓа. Аријан Адеми беше поштеден од тренингот поради отокот на стапалото, спомен од дуелот со Словенците, но лекарскиот тим уверува дека сепак ќе биде подготвен за настап в недела.
Елиф Елмас даде два гола, а Бобан Николов изјави дека би бил и голман ако треба за Македонија, па и тие добија малку олеснети задачи на ионака релаксирачкиот тренинг по пристигувањето во Полска. Се разбира, и новинарските извештаи сега се вклопуваат во пријатната атмосфера која се чувствува на секој чекор по значајниот триумф против „дежелата“.
Овој тренинг беше одржан на стадионот „Полонија“, а утре Македонија ќе тренира на Националниот стадион во Варшава, каде в недела е закажан и квалификацискиот меч против Полјаците.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













