
Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, се огласи на социјалните мрежи откако беше жртва на уште еден расистички напад на гостувањето против Валенсија.
Тој се обрати на навивачите со порака на социјалните мрежи.
„Ова не беше ниту прв, ниту втор, ниту трет пат. Расизмот е нормален во Ла Лига. Организаторите на ова натпреварување сметаат дека тоа е нормално, и во федерацијата исто така, а противниците го охрабруваат. Жал ми е. Преубава нација која ми посака добредојде и која ја сакам, но која во светот реши да испрати порака дека е расиситичка земја. Шампионатот што некогаш им припаѓаше на Роналдињо, Роналдо, Кристијано и Меси, денес им припаѓа на расистите. Жал ми е за Шпанците кои не се согласуваат со тоа, но Шпанија во Бразил е позната како земја на расисти. Јас сум силен и ќе се борам со расизмот до крај. Дури и ако бидам сум далеку од овде“, напиша Винисиус Жуниор на Твитер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski