Македонската фудбалска репрезентација и без Аријан Адеми ќе мора да му се спротивстави вечерва (20.45 часот) на фаворитот Полска во квалификацискиот натпревар за пласман на ЕУРО 2020. Фудбалерот од средниот ред поради повреда дефинитивно нема да биде во комбинација за настап.
На последниот натпревар против Словенија, Адеми доби удар во левото стопало и беше заменет во 77. минута од дуелот. И покрај обидите на лекарскиот тим, не успеа да се опорави за да истрча на Националниот стадион во Варшава.
Поради повреда дуелот со Полска ќе го пропуштат и Енис Барди, Дарко Велковски, Крсте Велковски и Иван Тричковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













