Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Марсел Сабицер, ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната поради повреда на коленото, објавија од клубот.
„Сите во клубот се разочарани што ќе останеме без услугите на Марсел во последните и најважни натпревари во сезоната“, се вели во официјалното соопштение на Манчестер Јунајтед.
Од пристигнувањето во Англија, Марсел Сабицер забележа 18 настапи и постигна три гола во дресот на Манчестер Јунајтед.
Австрискиот репрезентативец пристигна на „Олд Трафорд“ во јануари од Баерн Минхен на шестмесечна позајмица. Сепак, откако го повреди коленото и го оштети менискусот, јасно е дека тој ќе биде надвор од терените за последните три натпревари на „црвените ѓаволи“ во сезоната или финалето на ФА Купот следниот месец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













