Македонскиот фудбалер Муарем Муарем стави крај на одличната фудбалска кариера. Како капитен на Гостивар, тој со тимот избори пласман во елитата и одлучи дека тоа ќе биде последната сезона во неговата кариера како активен играч.
Но, ќе остане дел од клубот и веднаш ќе стартува со тренерски предизвик. Тој треба да биде дел од стручниот штаб на Гостивар во новата сезона во елитното македонско фудбалско друштво.
Покрај за Гостивар, во кариерата Муарем Муарем настапуваше и за Брегалница, Шкупи, Работнички, Тетекс на домашната сцена, како и за Фљамуртари (Албанија), Актобе (Казахстан), Карабах (Азербејџан), Ескишехирспор и Ордуспор (Турција) во странство.
Најдобрите игри ги прикажа во Карабах, со кој со успех играше и на европска сцена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













