Директорот на Интер, Бепе Марота, верува дека Симоне Инзаги ќе го води тимот следната сезона. Тој додаде дека Андре Онана исто така ќе остане во клубот и покрај интересот за него.
Марота зборуваше на настан каде што доби државен орден за заслуги за спорт и беше прогласен за Кавалиер (Витез).
Тој го коментираше и синоќешниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Милан, кој „нероаѕурите“ го добија со 2-0.
„Среќни сме, но не во еуфорија, бидејќи ова е прв натпревар и се уште не сме се пласирале во финалето. Настапот беше позитивен и ние сме во добра позиција за реваншот, но мораме да го почитуваме противникот. Сум видел големи пресврти во минатото. Милан ќе биде многу мотивиран“, изјави Марота.
Симоне Инзаги наиде на многу критики откако Интер имаше серија од шест натпревари без победа и неговата иднина во клубот беше доведена во прашање. Сепак, тимот моментно е во серија од шест победи, го очекува финале на Купот на Италија и е многу блиску до финале во Лигата на шампионите.
Марота доби прашање и дали Инзаги ќе го тренира Интер следната сезона.
„Мислам, да. Ние не судиме за тренерот врз основа на еден пораз или еден натпревар, гледаме на начинот на работа и професионализмот. Инзаги е добар тренер. Наполи имаше извонредна сезона во Серија А, а ниебБевме само гледачи во битката за Скудетото. Но, не само Интер, туку сит останати клубови. Освен тоа, сезоната е позитивна“, изјави Марота.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













