Македонскиот стратег Александар Васоски го напушти кормилото на Академија Пандев. По денешниот пораз (1-4) на домашен терен од Тиквеш, дојде до разделба меѓу одличниот тренер и клубот.
Ова е второ заминување на Александар Васоски од Струмица, откако претходно замина со спогодбен раскин на договорот за да го преземе култниот босански клу Сараево. По оваа авантура, популарниот Тетовче повторно се врати во Академија Пандев, но соработката завршува на две кола пред крајот на шампионатот.
Академија Пандев вчера и официјално беше продадена на берза, а Горан Пандев продаде 90% од акциите за сума од 603.000 евра. Нови сопственици треба да се раководните луѓе на италијанскиот аматерски клуб Брера од Милано.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













