
Воска Спорт ја исполни целта. Со ремито (2-2) против Охрид и официјално успеа да обезбеди историски пласман во елитата за следната сезона. Тренерот Берат Имери е пресреќен поради големиот успех, а заслугите и честитките им ги препушта на раководството на клубот и на фудбалерите.
„Пресреќни сме, успеавме да ја оствариме целта. Напорната работа даде резултат. Најголемите заслуги одат за раководството и за фудбалерите. Секако, играчите се тие кои го изнесоа на свои плеќи првенството, и покажаа дека оваа сезона беа најдобри во Втората лига. Остваривме историски пласман за Воска во елитата, но тоа е една обврска повеќе добро да се подготвиме и за новите искушенија. Што се однесува до дуелот со Охрид, беше тоа вистинско градско дерби, со многу дуели и одлични акции, а на крајот веројатно резултатот е и најреален, 2-2“, изјави шефот на стручниот штаб на Воска Спорт, Берат Имери.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski