Џејмс Милнер по осум години го напушта Ливерпул и на лето како слободен играч се сели во Брајтон. Поранешниот англиски репрезентативец ја прифати понудата на хитот на сезоната во Премиер – лигата и ќе потпише на една година.
Милнер ја започна својата кариера во Лидс Јунајтед, кој мораше да го продаде на Њукасл за мала сума во 2004 година поради финансискиот колапс, а потоа играше за Астон Вила и пет години за Манчестер Сити пред да дојде на „Енфилд“.
37-годишниот играч од средниот ред досега одигра 621 натпревар во Премиер – лигата и постигна 57 гола со 89 асистенции. За англиската репрезентација настапи на 61 натпревар и постигна еден гол.
Сезонава одигра 39 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања.
Милнер е второто потврдено засилување на Брајтон за следната сезона, по бразилскиот напаѓач Жоао Педро од Вотфорд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













