Спортското друштво Партизан денеска донесе одлука да го смени раководството на ФК Партизан, односно да ги разреши Милош Вазура, Милорад Вучелиќ, па дури и почесниот претседател Иван Чурковиќ, но веднаш имаше експресен одговор од другата страна.
Раководството на ФК Партизан на чело со горенаведените лица одржа состанок на кој беше одлучено да се повлече од ЈСД Партизан, бидејќи оваа одлука би била ништовна.
Сепак, се случи уште поголем удар.
ЈСД Партизан, на чело со Остоја Мијаиловиќ, одлучи да му го одземе правото на користење на стадионот, како и правото на користење на името Партизан и правото на користење на грбот на фудбалскиот клуб, затоа што излезе од рамките на Спортското друштво Партизан.
Јасно е дека на крајот за сѐ ќе се решава на суд…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













