
Вардар за тренинзи и за подготовки ќе го користи теренот во близина на спортскиот центар „Јане Сандански“. Ова откако Општина Аеродром му излезе во пресрет на клубот и му го даде овој терен.
Веста ја објави градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски кој најави дека Вардар ќе може да го користи теренот веднаш штом биде комплетирана законската процедура.
“На моја и иницијатива на претседателот на Советот на општината Дејан Митески, Вардар ќе добие нов спортски терен во Аеродром каде ќе може да ги одржува подготовките, натпреварите и тренинзите. ФК Вардар е име кои има долга традиција, гордост на Македонија и македонскиот спорт, а ние на ваков начин даваме силна и недвосмислена поддршка за клубот. Денеска, во мојот кабинет остварив средба со претставници на навивачката група Комити, која од неодамна е сопственик на клубот. На состанокот разговаравме за иницијатива поврзана со спортскиот терен лоциран во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански“, напиша Муцунски.
Вардар сега тренира на фудбалскиот терен во Кадино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski