Само титулата европски првак може да го спаси Симоне Инзаги oд отказ во Интер, тврдат италијанските медиуми. Дури и да го елиминира Милан и да го загуби финалето, а да го освои Купот на Италија, тоа нема да биде доволно за да остане на тренерската позиција.
Според италијанските медиуми дошло до раскол меѓу него и Марота, кој инсистира на нов тренерски профил.
Тој бара поинаква игра, сака да се оддалечи од наследството на Конте кое го прифати Инзаги. Поранешниот тренер на Лацио беше доведен за континуитет на формацијата 3-5-2, а сега клубот наводно сака тоа да го промени.
Покетино повеќе не е цел, со оглед дека се договори со Челси, проблемот со Де Зерби е договорот со Брајтон, а поранешниот играч на Интер, Серџо Консеисао, кој е на клупата на Порто има клаузула која „нероаѕурите“ не се подготвени да ја платат.
Се добива впечаток дека клубот нема многу решенија, па Инзаги би можел да преживее. Сепак, без пласман во Лигата на шампионите, Интер ќе го распродаде тимот, а најмалку тројца ќе мораат да заминат, Онана, Брозовиќ и Дамфрис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













