Македонската фудбалска репрезентација ќе игра во група со Холандија, Украина и со Австрија, доколку успее да се пласира на ЕВРО 2020 преку баражот во Лигата на нации. Вака одреди ждребот што се одржа вечерва во Букурешт.
Претходно најдобрите македонски фудбалери имаат долг пат, ќе треба минат две прачки. Ќе треба да го добијат полуфиналниот дуел против Косово во Скопје, а потоа и финалето против победникот од мечот Грузија – Белорусија, и тоа на гостински терен.
Италија и Турција ќе го отворат Европското првенство на 8.јуни на „Олимпико“ во Рим.
Одредени се групите за Европското првенство кое ќе се држи следната година. „Група на смртта“ е групата Ф, во која се наоѓаат Германија, Франција и Португалија. А во неа би можела Македонија, само под услов Романија да се пласира на ЕВРО 2020 преку баражот во Лигата на нации. Тогаш Романците би го зазеле нашето условно место во групата Ц.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













