
Лидерот Воска има отворен пат кон историски влез во елитата откако во минатото коло на неверојатен начин, со пресврт во судиското продолжение, го победи Вардар. Но, јасно е дека треба до крајот да се одработи задачата. Денеска тимот на Берат Имери има нов предизвик, гостување кај Кожуф во Гевгелија.
„Атмосферата во клубот е многу добра по таа голема победа против екипата на Вардар која ни даде уште поголема сигурност, но и ни овозможи веќе силно да веруваме во пласман во Првата лига што е и главната цел на челниците на Воска спорт. Вардар веќе му припаѓа на минатото, бидејќи сега гледаме кон следниот натпревар, оној против Кожуф. Мислам дека и за овој натпревар сме добро подготвени и дека со голем оптимизам патуваме во Гевгелија да докажеме дека сме подобри и дека со последовни победи до крај ќе го оствариме сонот. Остануваат уште неколку натпревари, а нашите амбиции како клуб се конечно да бидеме први и да бидеме прогласени за шампиони“, изјави Арлинд Алити, фудбалерот на Воска.
Гостивар го очекува гостување кај Аресими. Со новиот тренер гостиварци тргнаа добро, но ќе треба да се докажат и до крајот на шампионатот.
Вардар игра дома против Слога Виница, ќе треба да се опорави од шокот, но истовремено ќе чека и „кикс“ на водечкиот тандем, Воска и Гостивар.
Пелистер е домаќин на Караорман во Битола, а Детонит Плачовица ќе ја пречека Каменица Саса. Охрид ќе игра против Беса, а Тетекс ќе ја нагости Беласица. Борец во Велес ќе се сретне со Локомотива Пехчево.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
