Поранешниот капитен на италијанската фудбалска репрезентација, Фабио Канаваро, е задоволен што неговиот Наполи е блиску до освојување на титулата во Серија А и смета дека успехот најмногу се должи на тренерот Лучијано Спалети.
„Партенопеите“ се само на чекор до математичка потврда на својот прв трофеј во италијанскиот шампионат од времето на Диего Армандо Марадона, а во Лигата на шампионите стигнаа до четвртфиналето, каде загубија од Милан.
„Оваа титула има поинаква историја од претходните. Таа е за Наполи, но и за доброто на италијанскиот фудбал“, изјави Фабио Канаваро за „Газета дело Спорт“.
„Претходните титули во Наполи имаа уникатен, необичен знак – Марадона. Тој испиша фантастична страница во историјата. Неговото присуство беше магнетно. Сега мислам дека заслугата треба да му ја дадам на Лучијано Спалети“, истакна Канаваро.
„Спалети направи одличен баланс во играта и тимската работа. Тој е неверојатно успешен, многу се труди, а постигна нешто што никој не можеше да го замисли на почетокот. Се сеќавам на неговата прва прес-конференција. Развојот е огромен“, коментира 49-годишниот поранешен играч на Наполи, Парма, Интер, Јувентус и на Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













