Полуфиналниот дуел од Лигата на Нации меѓу Македонија и Косово што треба да се игра на 26 март во Скопје нема да биде одложен, исто како и останатите пресметки од плејофот од ова натпреварување, кои треба да ги дадат последните патници на ЕВРО 2020.
Медиуми ширум Европа најавуваа дека може да дојде до одложување на целокупната програма кон крајот на месец март како превенција од ширење на коронавирусот, поради што претседателот Александар Чеферин отворил дискусија на темата на самиот почеток од состанокот на Извршниот Комитет на УЕФА. Сепак, дускусијата траела само две минути, бидејќи сите членови на Извршниот комитет го делеле истиот став – дека нема потреба од ширење на паника низ цела фудбалска Европа. Притоа, на земјите-домаќини на натпреварите и на здравствените организации од овие држави им се порачува будно да ја следат ситуацијата, за доколку дојде до зголемување на опасноста, да можат да бидат преземени дополнителни мерки.
За утре е закажана ждрепката за новата фаза од Лигата на Нации, на која Македонија ќе биде дел од групите Ц. „Црвено-жолтите“ ќе бидат во вториот шешир од овие групи, па за ривали не можат да ги добијат Косово, Белорусија и Кипар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













