Најтрофејниот македонски клуб Вардар реагира на одлуката на Воска да не прими гостински навивачи на претстојното дерби кое се игра в сабота во Охрид. „Комитите“ и покрај тоа најавија инвазија на охридското крајбрежје, а сега и Вардар испрати официјална реакција.
„Во недела, го играме најважниот натпревар, против екипата на Воска. Како вистински домаќини, секогаш сме правеле напор, заедно со нашата навивачка група – Комити Запад, да обезбедиме присуство на гостински навивачи, на нашиот стадион.
Затоа, очекуваме дека управата на ФК Воска ќе постапи согласно спортската здрава логика и дека ќе дозволи влез на нашите навивачи на стадионот во Охрид, бидејќи сите сме свесни дека постојат објективни услови за споредување на таа одлука!
Како клуб, целосно го подржуваме барањето на нашите навивачи. Сметаме дека тоа е најмалце што можеме да направиме, за луѓето кои целиот свој живот го посветуваат на клубот. Заедно сме во оваа борба, до крај!“, објави ФК Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













