Милан не успеа да го победи Емполи на „Сан Сиро“ и со неубедлив резултат го покри одличниот триумф што го оствари против Наполи во претходното коло. Стефано Пиоли го коментираше ремито без голови на неговиот Милан во 29. коло на италијанската Серија А.
„Тоа сигурно не е резултатот што го посакувавме и повеќе ни е жал за првото полувреме кога можевме да притиснеме повеќе. Во второто направивме сѐ што требаше да направиме за да победиме, но топката едноставно не сакаше да влезе. Резултатот е негативен, но не и нашето издание. Помина долго време откако игравме со интензитет, фокус и енергија. Разочаран сум, ние сме Милан и мора да го победиме Емполи на домашен терен“, изјави Пиоли за „Скај Спорт Италија“.
Нерешениот резултат го спречи Милан да ја намали разликата во однос на второпласираниот Лацио. Милан моментно е на третото место со 52 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













