Челси го отпушти менаџерот Грем Потер. Одлуката на раководството вечерва и официјално ја соопшти англискиот клуб.
„Челси сака да му се заблагодари на Грам за сите негови напори и придонес и да му посака се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на лондонскиот клуб.
Нов менаџер на клубот ќе биде неговиот досегашен асистент, Шпанецот Бруно Салтор и функцијата ќе ја извршува привремено.
„Сите во клубот стојат зад Бруно и тимот додека се фокусираме на остатокот од сезоната. Ни остануваат уште десет натпревари во Премиерлигата и четвртфиналето на Лигата на шампионите“, изјавија сопствениците на англискиот клуб, Тод Боели и Бехдад Егбали.
Во последниот меч од Премиер- лигата, Челси загуби од Астон Вила на домашен терен со 0-2.
Грем Потер го презеде клубот на почетокот на септември, кога го замени германскиот тренер Томас Тухел, кому му пресуди поразот од Динамо Загреб во Лигата на шампионите. Претходно тој успешно го водеше Брајтон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













