Фудбалската репрезентација на Македонија со реми (1-1) против Грузија го заокружи првиот мини – циклус од новото издание во Лигата на нации. Нашиот национален тим играше со играч помалку речиси половина час поради исклучувањето на Висар Муслиу.
„Имаше пад на концентрацијата од моја страна, се се случи во неколку секунди. Но среќен сум што потоа се вративме на најдобар начин, израмнивме и одигравме навистина борбено еден тежок натпревар. За нас овие две средби беа важни да се вратиме резултатски на добар начин. И успеавме со тоа, со четири бода. Сега се фокусираме само на Косово. Веруваме во нашите квалитети и ќе дадеме максимум да победиме и да се пласираме во финалето од Лигата на нации како би дошле до посакуваната цел – пласман на ЕП“, изјави Езгјан Алиоски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













