Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, го прокоментира успехот на „трите лава“ против Украина, триумфот со 2-0, со кој се најдоа на врвот на табелата во групата Ц од квалификациите за ЕВРО 2024 година.
„Против Италија нашиот настап не беше совршен, но покажавме класа и издржливост да постигнеме резултат, особено на крајот од натпреварот кога бевме со 10 фудбалери. Мислам дека против Украина нашата игра беше на многу високо ниво. Фудбалерите направија навидум тежок натпревар да изгледа прилично лесен. Многу сум среќен поради тоа“, изјави Саутгејт.
Тој го пофали настапот на Букајо Сака.
„Неговиот глад за победа и неговата понизност го доведоа по патот по кој тргна. Тој може да продолжи да се развива и да учи. Не очекувам ништо помалку, познавајќи го добро и неговото семејство. Тој има неверојатна поддршка околу него од сите нас“, додаде Саутгејт за Букајо Сака.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













