Настапот на голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, на дербито против Ливерпул на 1 април е неизвесен, тврди неговиот татко Алфи. 22-годишниот напаѓач остана надвор од составот на Норвешка за натпреварите против Шпанија и против Грузија поради проблем со препоните, откако за само една недела постигна девет гола за својот клуб.
Халанд ја заработи повредата на дуелот со Барнли во ФА Купот на Англија.
„Манчестер Сити работи со болница во Барселона и тој беше таму на дополнителни тестови. Моментално е на Марбелја и работи со клупските физиотерапевти. Мислам дека неговото учество на натпреварот со Ливерпул е многу неизвесно. Сѐ зависи од тоа како ќе реагира на третманот во следните неколку дена“, изјави Алфи Халанд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













