Проблемите во репрезентацијата на Франција не завршија само со недоаѓањето на Карим Бензема. Селекторот Дидие Дешамп има многу мака да менаџира со селекцијата која има огромен број ѕвезди.
Откако Хуго Лорис исто така се откажа од националниот тим, требаше да се избере новиот капитен на Франција, а лентата ја доби Килијан Мбапе. Но, како што информираат француските медиуми, тоа не го поднел добро Антоан Гризман кој очекувал дека со оглед на искуството и репрезентативниот стаж, треба да биде логичен наследник на Лорис.
Како што наведува влијателниот „Л’Екип“, по оваа одлука, Антоан Гризман размислува дури и да стави крај на репрезентативната кариера.
Гризман досега има 117 настапи за Франција и 42 постигнати гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













