
Македонскиот второлигаш Тетекс е најновиот клуб кој е незадоволен од судењето во последното коло од Втората лига. Тие преку социјалните мрежи испратија прашања до Фудбалската федерација на Македонија.
„Дали сакате однапред да бидеме испаднати без фер борба?!
До кога на терените во македонската втора лига главната улога ќе ја имаат судиите?!
На последните два натпревари, главна улога имаа судиите со нивните “ненамерни” грешки.
Имено, на натпреварот од 18-то коло правдата односно неправдата ја делеа Смоковски Кирил и неговите помошници Смилковски Марјан и Конески Дино.
Во продолжение објавуваме две ситуации во кој очигледни пенали не беа досудени.
Истото продолжува на денешното 19-то коло каде неправдата ја делеа Илиоски Влатко и неговите помошници Трајковски Борис и Мишевски Иле, при што имаше и срамно признат гол од страна на Мишевски Иле. Четврти судија на мечот беше Смоковски Кирил“, истакнуваат од Тетекс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
