Бразилскиот ас Нејмар ќе го пропушти остатокот од сезоната со оглед дека ќе мора да замине на операција на десниот скочен зглоб. Тоа е неопходно за да биде санирана повредата на лигаментите, а поради ова напаѓачот ќе биде надвор од терените до четири месеци, соопшти францускиот клуб Пари Сен Жермен.
Нејмар ќе го пропушти натпреварот на ПСЖ од Лигата на шампионите против Баерн Минхен во среда и ќе биде опериран во наредните денови во болница во Доха, информираат од ПСЖ.
„По неговото последно истегнување на лигаментите на десниот скочен зглоб на 20 февруари, медицинскиот персонал на Пари Сен Жермен препорача операција за санирање на лигаментите за да се избегне голем ризик од повторување на повредата. Сите експерти кои беа консултирани ја потврдија оваа неопходност“, објави ПСЖ.
Нејмар ја заработи последната повреда минатиот месец во победата од 4-3 над Лил во француското првенство. Претходно го повреди истиот глужд и на Светското првенство во Катар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













