
Заморот го направи своето, селекторот Игор Ангеловски ќе мора значително да го реновира тимот кој за два часа ќе ги одмери силите против Естонија во Талин. Одлуката секако беше таква, а најновиот план е и Енис Барди и Дарко Велковски, покрај Горан Пандев и Илија Несторовски, да останат на клупата за резерви на стартот од дуелот на „Ле Кок арена“.
Столе Димитриевски нема да може да помогне затоа што е во изолација поради „претпоставен позитивен резултат“, а на голот ќе биде Дамјан Шишковски. Во одбранбеното трио стопери ќе се најдат Стефан Ристовски кој ќе ја носи и капитенската лента, потоа Ѓоко Зајков и Кире Ристевски.
На десната странична позиција треба да биде Тихомир Костадинов, а лево ќе делува Езгјан Алиоски. Во средниот ред, Стефан Спировски и Бобан Николов, пред нив Ферхан Хасани, а во нападот ќе настапат Александар Трајковски и Иван Тричковски.
На крајот, дури осуммина нови фудбалери ќе има Македонија меѓу стартерите на мечот против Естонија, а во однос на претходниот меч со Косово во Скопје. На овој натпревар селекторот Игор Ангеловски не може да смета и на повредените Егзон Бејтулаи и Аријан Адеми, како и на суспендираниот Висар Муслиу.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
