Познати се офијалните состави за денешниот меч меѓу Естонија и Македонија што ќе стартува од 18 часот на „Ле Кок арена“ во Талин. Селекторот Игор Ангеловски, делумно принудно, делумно планирано, направи дури осум измени во стартниот состав.
На голот е Дамјан Шишковски, стоперското трио го сочинуваат Стефан Ристовски, Ѓоко Зајков и Кире Ристевски, на десната бековска позиција ќе игра Тихомир Костадинов, а на левата Езгјан Алиоски.
Во средниот ред се Стефан Спировски, Бобан Николов и Ферхан Хасани, а навалниот тандем го сочинуваат Иван Тричковски, кој ќе ја носи капитенската лента и Александар Трајковски.
Кај Естонците, најистурен во нападот е Рауно Сапинен, шпицот на Флора Талин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













