Пишува: Никола Ѓуровски
Ферхан Хасани е ослободен од обврските во националниот тим, Стефан Спировски е повреден, Енис Барди има жолти картони. Средниот ќе биде десеткуван за Грузија, па селекторот Игор Ангеловски размислува да достави дополнителен повик за одредени фудбалери. Во опција се неколку имиња…
Давид Бабунски и Стефан Ашковски од романскиот Ботошани би можеле да добијат повик, но треба да се разгледа и ситуацијата со коронавирусот и нивното брзо доаѓање во Скопје. Секако по мечот на младата фудбалска репрезентација до 21 година во вторник, во А – тимот ќе бидат прекомандувани Јани Атанасов и Дарко Чурлинов. Исто така повик добива и стоперот Агрон Руфати кој треба да ја засили конкуренцијата во одбраната.
Во опција е повик за неколку фудбалери од домашното првенство, Енур Тотре и Љупчо Дориев од Шкендија, Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев, можеби Дарко Мицевски од Вардар…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













