Пишува: Никола Ѓуровски
Љупчо Дориев и Енур Тотре од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар, Томе Китановски од Македонија ЃП се фудбалерите кои добиваат дополнителен повик во А-репрезентацијата на Македонија за претстојниот натпревар против Грузија во Лигата на нации в среда. Тие треба во најбрз можен рок да се јават во националниот тим и да пристигнат во базата.
Агрон Руфати е веќе приклучен во А-составот. Тој има жолти картони и нема право за настап на мечот на младата фудбалска репрезентација до 21 година, но може да настапи за А тимот, со оглед дека се сосема различни натпреварувања.
Во опција беа и Дарко Чурлинов и Јани Атанасов, но тие ќе играат по 90 минути и ќе бидат носители во вторник на мечот на младиот национален тим до 21 година. Ден подоцна нема да бидат способни за нов настап.
Отпадна и планот за Давид Бабунски и Стефан Ашковски. Поради пандемијата на коронавирусот отежнато ќе биде нивно брзо доаѓање од Романија за мечот в среда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













