Connect with us

Клоп: Среќни сме што не мораме да играме против Реал Мадрид секоја недела

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, никако не може да биде задоволен од поразот од Реал Мадрид (2-5) на „Енфилд“ во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите. Менаџерот ги пофали играчите за игра во првото полувреме, но не и потоа. И покрај сѐ, Германецот најави дека неговиот тим ќе оди во Мадрид на победа на реваншот.


„Почетокот беше неверојатен, тоа е вистинскиот Ливерпул. Сѐ беше совршено и нашата игра се одвиваше токму онака како што сакавме. Целото прво полувреме беше добро, иако не се боревме за головите што ги примивме. Затоа во вториот дел добивме голема шлаканица. Начинот на кој се браневме при третиот гол не беше добар. После тоа не можевме повторно влеземе во ритам. Моравме да играме како првото полувреме 95 минути. Откако стана 2-3, се случи токму спротивното“, смета Клоп.

Лошиот старт не го спречи Реал Мадрид да го уништи Ливерпул на „Енфилд“.

„Одиме во Мадрид да играме фудбал. Ќе биде голем предизвик, но прво имаме натпревари во Премиер – лигата. Мораме да научиме од овој пораз. Следните неколку недели пред реваншот, работите би можеле да се променат, а реваншот би можел да биде сосема поинаков. Ќе одиме таму за победа, тоа е сѐ што можам да кажам и да потенцирам дека навистина сме среќни што не мораме секоја недела да играме против Реал Мадрид“, истакна стратегот на Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови