Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски најверојатно ќе мора да „одлежи“ во карантин кога ќе се врати на Островот, затоа што владата на Велика Британија донесе одлука сите фудбалери кои играат за репрезентациите, а доаѓаат од високоризични земји со Covid-19 да останат во двонеделна изолација. Ова најверојатно ќе го фати и Алиоски, со оглед дека Македонија се наоѓа на листата на високоризични земји од овој регион.
По враќањето во Лидс, Алиоски ќе мора да биде во карантин иако не е позитивен на тестовите во националниот тим и смее да настапува во дресот на Македонија. Денеска и Кристијано Роналдо објави дека има коронавирус, па оваа одлука ќе важи и за сите португалски фудбалери кои треба да се вратат во Премиер-лигата.
Ако Алиоски влезе во карантин, тој ќе ги пропушти натпреварите со Вулверхемтпон и со Астон Вила во Премиер-лигата. Доколку се биде в ред, тој би се вратил во тимот за настап против Лестер на 2. ноември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













