Connect with us

Скандал во Премиер-лигата: Судијата во ВАР собата заборавил да повлече линија за офсајд, а Арсенал прими гол (ВИДЕО)

Арсенал и Брентфорд одиграа 1-1 во 23. коло од Премиер – лигата, но по натпреварот најмногу се зборуваше за големата судиска грешка. Водечкиот тим на англискиот шампионат поведе со голот на Леандро Тросар во 66. минута, а гостите израмнија осум минути подоцна кога погоди Иван Тони.
Сепак, се испостави дека на голот му претходел офсајд, но ВАР судијата Ли Мејсон заборавил да ја повлече линијата. Имено, Кристијан Норгард беше во задниот дел пред топката да стигне до Тони, а тој погоди за израмнување.


Со ова избраниците на тренерот Микел Артета останаа без два важни бода во борбата за шампионската титула.

„Ја погледнав ситуацијата. Дали ми објаснија што се случи? Не објаснија, тоа е фрустрирачки, но веројатно ќе дадат објаснување подоцна во текот на неделата. Сега го немаме“, беснееше Артета по натпреварот.

На судијата на ВАР, Ли Мејсон, му требаше долго време за да заклучи дека Итан Пинок не влијаел на играта. После тоа, тој не го виде клучниот дел, ниту ги повлече линиите. Да го направеше тоа, ќе се забележеше дека Норгард е во офсајд, а голот на Тони ќе беше поништен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови