Connect with us

„Кралевите“ го освоија Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Реал Мадрид на европската ја придодаде и светската клупска титула. „Кралевите“ триумфираа на Светското клупско првенство што се одржа во Мароко откако во финалето победија против саудискиот клуб Ал-Хилал со 5-3.

Винисиус Жуниор донесе водство во 13.минута, а пет минути подоцна Феде Валверде зголеми на 2-0. Ал-Хилал намали преку Муса Марега во 26.минута, но сепак Саудијците немаа сили да им се спротистават на фудбалерите на Карло Анчелоти. 

Карим Бензема и Феде Валверде брзо зголемија на 4-1 на почетокот на второто полувреме, а до крајот на мечот уште еднаш погоди и Винисиус Жуниор.

Два гола за Ал-Хилал во вториот дел постигна Лусијано Вието.      

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови