Connect with us

Ибрахимовиќ: И понатаму сум бог, и број еден!

Фудбалерите на Милан утре ќе играат против Торино во 22. коло од Серија А, а во составот на шампионот на Италија кој минува низ голема криза треба да се најде и Златан Ибрахимовиќ.


Швеѓанецот е надвор од терените осум месеци, последниот меч го одигра во мај минатата година, но истакнува дека е подготвен да му помогне на тимот кој во 2023 година забележа само една победа на осум меча во сите натпреварувања и е во серија од четири порази.


„Добар сум. Се вратив во тимот и се чувствувам слободен на теренот и надвор од него. Бев трпелив затоа што морав да се вратам на врвот, а опоравувањето оди според планот“, истакнува Ибрахимовиќ во интервју за „Медиасет“.

„Сè уште сум Бог, број еден. Се враќам и музиката се менува. Имам многу желба, би сакал да направам толку многу работи, да надоместам за сѐ што изгубив во претходните осум месеци“, додава Ибрахимовиќ.

„Тимот во криза? Не сум загрижен. Ова се нормални моменти во текот на една сезона. Сега треба малку да разговараме и да ја докажеме нашата вредност на теренот”, истакна шведскиот ас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови