
Мемфис Депај не беше среќен во Барселона, бидејќи сметаше дека заслужува повеќе почит и минутажа, а сега слично сценарио му се случува и во Атлетико Мадрид.
Холанѓанецот инсистираше на предвремено заминување во Мадрид, кога беа суспендирани Роберт Левадовски и Феран Торес, но ниту претходно не ја покажа својата посветеност на тимот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Диего Симеоне е загрижен за формата и физичката подготвеност на Холанѓанецот, а тоа го покажува и неговата минутажа.
Депај досега на теренот мина само 60 минути, на четири натпревари, а на ниту еден не беше стартер.
И Атлетико се мачи, а Депај досега не покажа дека е решението за тимот.
Атлетико на Барселона и плати 3 милиони евра, бидејќи Холанѓанецот влезе во последните шест месеци од договорот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski