Баерн Минхен се врати на врвот на табелата во Бундес-лигата откако го совлада Волфсбург на гости со 2-4. Сега баварскиот тим повторно има еден бод предност пред Унион Берлин.
Баерн ја прекина лошата низа од три нерешени средби по ред и конечно заигра како што се очекува од германскиот шампион.
Кингсли Коман во деветтата минута го отвори резултатот, а пет минути подоцна зголеми на 0-2. Томас Милер во 19.минута се погрижи за трет гол за Баерн и беше јасно кој ќе биде победник.
Камински постигна гол за Волфсбург пред полувремето, а Џошуа Кимих во 54.минута беше исклучен поради два жолти картони.
Сепак, Џамал Мусијала постигна гол за 1-4 во 73.минута, а Сванберг до крајот погоди вторпат за Волфсбург, за конечни 2-4.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













