Францускиот шампион Пари Сен Жермен е заинтересиран за ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, откако Египќанецот неодамна вечерал со претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Kелаифи.
Додека Ливерпул минува низ тежок период оваа сезона, менаџерот Јирген Клоп се обидува да го реновира својот напад. Нивното претходно атомско трио Роберто Фирмино, Садио Мане и Салах беше клучно во периодот на доминација во последните неколку години.
Сепак, Мане минатото лето замина во Баерн Минхен, а Фирмино е под договор само до крајот на сезоната и не е јасно дали ќе го продолжи, принудувајќи го Ливерпул да направи некои големи промени во нападот. Коди Гапко, Луис Дијаз и Дарвин Нуњез беа донесени во клубот, додавајќи младост и квалитет во офанзивниот дел од тимот, но засега премногу голови – нема.
Најголемата промена би можела да се случи набрзо бидејќи ПСЖ е заинтересиран за Салах.
Неодамна во Англија пишуваа дека Египќанецот веќе разговарал со претседателот на францускиот шампион Ал-Келаифи.
Ливерпул е подготвен да го продаде Салах, но само за сума над 80 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













