Connect with us

Ристовски: Адеми не заслужува да биде напаѓан, тој е вистински лидер

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, вели дека сѐ околу Аријан Адеми во Динамо Загреб е извадено од контекст. Тој застана во одбрана на својот клупски и репрезентативен соиграч и истакна дека токму Адеми е вистински лидер во соблекувалната на хрватскиот шампион.


„Работите кои излегоа од соблекувалната се наши приватни работи, ама сѐ е извадено од контекст, зозшто никој не знае каква атмосфера владееше во соблекувалната. Да, Адеми го кажа тоа: „Немам ништо да кажам“, ама сето тоа е злобно извадено од контекст. На состанокот атмосферата беше супер, имаше зафрканции. И после тоа тренерот Чачиќ ме праша: „Риле, дали имаш нешто да кажеш и да додадеш?“ Јас реков дека немам, а и навистина немаше што дополнително да се каже. И после тоа тренерот рече: „Дај капитене, кажи ти нешто?“ А, Аки, кој е мој брат, само се насмеа и рече: „Па, немам ништо шефе, одиме…“ Таа зафрканција после во медиумите излезе дека нешто пукнало во соблекувалната. Но, тренерот секојпат нѐ прашува дали има некој нешто да каже, дали има прашања и слично. А, воглавно ги нема и тоа е нормално. Адеми е мој брат, не ми е само колега. И ќе ми биде жал да си оди, но повеќе ми е жал што се најде во овие медиумски приказни, Аки не заслужува таков однос. Тој е легенда на клубот, со нас е 24 часа дневно. Сѐ ова што го доживува деновиве низ медиумите е неправедно кон него. Тој ќе остане лидер на соблекувалната“, изјави Ристовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови